Живот

Кои се државите коишто мора да ги посетите оваа зима?

7. декември 2019 - 13:20 | М.С.

Луѓето најмногу преферираат да патуваат преку лето, но доколку добро ги поднесувате ниските температури и сте љубител на зимата, овој период од годината може да биде совршен за патување во Европа.

Италија, Норвешка и Монако се државите кои мора да ги посетите оваа зима.

Фиренца е многу интересен избор за патување во зима, затоа што може да го поминете времето посетувајќи ги фасцинантните музеи и галерии.

На пример, галеријата Уфици и галеријата Академија чуваат многу вредни дела кои ќе ве воодушеват. 

Норвешкиот град Тромсо крие многу природни убавини во јануари. Може да го посетите арктичкиот фестивал на светла кој исто така се нарекува „Фестивал на северните светла“.

Овој меѓународен фестивал трае од 23 јануари до 2 февруари, а за време на посетата посетителите ќе уживаат во различни жанрови на музика. Но, освен тоа, ќе имате прилика да ја видите поларната светлина аурора бореалис.

Монте Карло за туристите со длабок џеб има интересна зимска понуда, особено кога станува збор за автомобилските трки. 

Наредната година ќе се одржи 88. Rallye Monte Carlo.

Но, доколку не сте љубител на автомобилските трки, Монте Карло има многу други занимливости кои може да ви ги понуди.