Кои работи од детството децата ќе ги паметат цел живот?

Родителите често не размислуваат за фактот дека нивните деца ќе се сеќаваат на ситуации кои ним не им изгледаат премногу важни. Психолозите открија за што точно се работи.

На прво место е семејната традиција која вклучува заеднички патувања, екскурзии, подготовка за празници и слично. На второ место се заедничките оброци.

Многу родители едноставно немаат време секој ден да бидат на масата во кујната со своите деца, но потрудете се тоа да го практикуваат барем за време на викендите. Психолозите велат дека тоа е доволно за да се создадат убави спомени.

Бројни студии покажаа дека читањето приказни пред спиење е важно за воспоставување блискост меѓу децата и родителите. Децата ќе ги паметат овие заеднички моменти пред спиење до крајот на животот.

Гушкањето и галењето не се само знак на блискост, туку и на заштита и взаемна доверба. Затоа ќе им остане во сеќавање како еден од најубавите делови од нивното детство. Истражувањата утврдиле дека гушкањето е важно за развојот на мозокот на детето. Добро влијае и на нивниот раст.

Резултатите од истражувањето објавено во стручното списание Genetic Psychology Monographs наведуваат дека доенчињата кои биле прегрнувани од нивните родители по 20 минути дневно во текот на 10 недели постигнале подобри резултати во проценката на развојните способности од другите деца.

Важно е секогаш внимателно да слушате што има да каже вашето дете. Ако малиот види дека навистина сте заинтересирани за неговите набљудувања и проблеми, ќе успеете да ја освоите неговата доверба, а никогаш нема да го заборави.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе