Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер ѝ се закани на Унгарија со укинување парична помош од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби.
Коглер во интервју за германското списание Zeit изјави дека развојот на настаните во Унгарија не е прифатлив.
- Не е разбирливо да се дадат пари од Унијата на таква полу-диктатура од другите демократски држави, нагласи тој.
Коглер претходно побара итна акција на ЕУ против Унгарија.