Кога веќе нарачуваш специјален Rolls Royce, направи го ваков

Rolls-Royce направи специјално издание на барање на клиент од Абу Даби и го нарече Rolls Royce Wraith - Inspired by Earth.

Велат дека парите не може да ти купа среќа, но може да ти го купат еден од најлуксузните автомобили во светот во верзија што ја отсликува Земјата гледана од вселената.

Овој специјален примерок се изработуваше 100 работни часа и содржи низа промени во дизајнот и уметнички детали кои се фокусираат на позицијата на Земјата во вселената.

Воопшто не изненадува фактот дека некој е толку импресиониран од вселената што би направил што може да ѝ се доближи. Со оглед на тоа дека анонимниот клиент е од Блискиот Исток, тој побарал регионот да биде сликовито прикажан автомобилот онаков каков што се гледа од вселената.

Како што можеме да видиме, на овие фотографии доминира сината боја, што е логично, кога ќе земеме предвид дека водата зафаќа 75% од површината на Земјата.

Внатрешноста е тапацирана со Moccasin кожа која го „претставува“ песокот од пустините на Емиратите. Кобалтно сините и смарагдно зелените детали се водените паишта и зеленилото на Земјата.

Wraith е придвижуван од 6,6-литарски V12 твин-турбо мотор кој развива 624 КС и има максимален вртежен момент од 870 Nm.

Силата се пренесува на задните тркала преку осумстепен автоматски менувач. Луксузното купе со тежина од 2,4 тони забрзува од 0 до 100 км/ч за само 4,5 секунди.

Тагови
реклама

Авто новости

Нова ера за Porsche: 911 стана хибрид

Read more

Во Германија почна да се точи нов вид гориво

Read more

Кои половни автомобили имаат најмала мината километража?

Read more

Продажбата на Tesla во Европа најниска во последните 15 месеци

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Нова ера за Porsche: 911 стана хибрид

Читај повеќе

Во Германија почна да се точи нов вид гориво

Читај повеќе

Кои половни автомобили имаат најмала мината километража?

Читај повеќе

Продажбата на Tesla во Европа најниска во последните 15 месеци

Читај повеќе
  • filter

Што нуди новата BMW Серија 3?

Читај повеќе

Најголемиот производител на автомобили во светот претстави нов мотор

Читај повеќе

Volkswagen ќе прави евтини е-автомобили од 20.000 евра

Читај повеќе

Alfa Romeo никогаш повеќе нема да биде иста

Читај повеќе

Ништо повеќе нема да биде исто: „Кинезите“ влегоа во Топ 10

Читај повеќе