Кога не може да игра фудбал, Сон реши да отслужи војска

Напаѓачот на Тотенхем реши фудбалскиот локдаун да го искористи за да ја заврши должноста кон татковината.

Законот на Јужна Кореја вели дека секое здраво машко лице мора задолжително да отслужи воен рок во времетраење од 21 месец. Спортистите често добиваат дозвола да го пролонгираат тоа за по завршувањето на активната кариера, а Сон Хјон-мин искористи и едно потправило.

Драстично намален воен рок од само 4 недели отслужуваат спортистите кои на земјата ѝ донеле голем меѓународен успех, а Сон тоа го оствари со репрезентацијата до 23 години која триумфираше на Азиските игри во 2018. Слично како и на Олимписките игри, секоја репрезентација можеше да вклучи и четворица постари играчи, а меѓу нив беше токму и Сон.

Уште пред една недела, со дозвола на Тотенхем, Сон допатува во Јужна Кореја оценувајќи дека периодов е совршен за да ја отслужи должноста кон татковината. Сон и онака сѐ уште се опоравува по операцијата на раката, а новата најава дека Премиер лигата нема да почне пред мај му даде шанса да служи војска без тоа да се одрази на неговата кариера.

Со еден удар, Сон ќе среди две муви. Опоравен од повредата и со отслужен воен рок во мај ќе му се врати на фудбалот, нормално, доколку Премиер лигата продолжи според планираното.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе