Останати спортови

Кога хокеар ќе добие фудбалски предизвик

23. март 2020 - 19:09 | Ф.З.

Интернет предизвикот на жонглирање со тоалетна хартија некако дојде и до хокеарот на Детроит Ред Вингс, а тој се потруди некако успешно да го изведе.

Левото крило на Детроит, Швеѓанецот од украинско потекло Дмитро Тимашов, на духовит начин го исполни предизвикот кој стигна до него.

Иако другите хокеари кои претходно беа предизвикани жонглираа со палката, популарниот Дима се реши на фудбалски начин да го исполни предизвикот. Сепак, мамеше.

Потоа ги предизвика тројцата Швеѓани од Торонто Мејпл Лифс и тоа бекот Расмус Сандин, крилото Пјер Ењвал и дефанзивецот Тимоти Лилјегрен.