Кое е најдоброто време за вежбање, ако сакате да слабеете?

Б.С.Б.
/ 29.11.2022 / 17:53

Многу луѓе мислат дека утрото е најдобро време за вежбање, но за некои, будењето наутро е тешка задача. Од друга страна, има и такви кои сметаат дека утринското вежбање е смирувачки, ефикасен и здрав начин за започнување на денот.

Кога е вистинското време за вежбање и дали тоа има влијание на слабеењето?

Вежбањето наутро

Утринското вежбање има многу придобивки. Прво, вежбањето во раните утрински часови додава дополнителни часови на вашиот ден. Исто така, го завршувате тренингот пред да започне вашиот напорен ден. Утринското вежбање дава силна доза на ендорфин, со што ќе бидете изложени на помалку стрес и ќе имате смирен ум.

Студија објавена во Medicine and Science in Sports and Exercise покажа дека жените кои пешачеле 45 минути наутро биле помалку во искушение да јадат нездрава храна во текот на денот. Тоа им помогнало да бидат и физички поактивни во текот на денот.

Вежбањето наутро може да го зајакне вашиот метаболизам, што значи дека ќе продолжите да согорувате калории во текот на денот. Откриено е дека повеќе го подобрува спиењето во споредба со вежбањето навечер или во секое време пред спиење.

Вежбањето навечер

Способноста на телото да се покаже најдобро е во попладневните часови, пишува Healthline. Од 14:00 до 18:00 часот температурата на телото е највисока. Како што температурата на телото се зголемува, тоа ја оптимизира функцијата и силата на мускулите, што значи дека вашето тело е повеќе подготвено за вежбање во тој период.

Срцевиот ритам и крвниот притисок се исто така најниски во доцните попладневни часови и навечер, што ја намалува можноста за повреда и може да ги подобри перформансите на вежбањето. Сепак, не се препорачува да тренирате веднаш пред спиење, бидејќи тоа може да влијае на квалитетот на сонот.

Без разлика во кое време вежбате, факт е дека придобивките од редовното вежбање се огромни за целокупното здравје. Од помал стрес до подобра мобилност на телото, кондиција и флексибилност, вежбањето помага на многу начини.

Редовното вежбање во комбинација со урамнотежена исхрана е клучот за слабеење и за одржување на здравјето.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фит

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе