Коби Брајант остави империја вредна 2 милијарди долари

Наследството на Коби Брајант се протега пошироко од неговото време поминато на кошаркарските терени. Тој беше и успешен деловен човек, инвеститор и ментор на други спортисти и основачи на компании.

Коби Брајант загина вчеравечер во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, на 41-годишна возраст.

„За 20 сезони, Коби ни покажа што е можно кога извонреден талент ќе се спои со апсолутна посветеност кон победата“, изјави НБА менаџерот Адам Силвер по веста за смртта на Брајант.

„Тој ја споделуваше мудроста што ја стекна и си постави мисија да ја сподели со играчите на идните генерации“.

Човек со план

Брајант влезе во светот на инвестициите уште пред да замине од НБА. Во 2013 година, тој ја основаше фирмата за вложување капитал „Брајант Стибел“, заедно со основачот на web.com, Џеф Стибел.

При основањето на компанијата, Брајант го следеше моделот на други спортски легенди кои беа во можност да ги претворат вештините развиени на теренот во деловен успех. Ирвин „Меџик“ Џонсон беше меѓу првите во 1987 година што основа инвестициската фирма „Меџик Џонсон Ентерпрајзс“, која инвестира во голем број големи бизниси, вклучувајќи ги „Старбакс“ и аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк.

Компанијата на Брајант има актива од повеќе од 2 милијарди американски долари, со инвестиции во десетици компании за технологија, медиуми и податоци. „Брајант Стибел“ има најмалку 10 успешни инвестиции, вклучувајќи во „Дел“ и „Алибаба“. Таа, исто така, има инвестиции во креаторот на „Фортнајт“ – „Епик Гејмс“, компанијата за дигитални плаќања „Кларна“ и компанијата за производи задомаќинство„Онест компани“.

„Мора да има силни претприемачи. Тоа е клучот за нас – да ги гледаме луѓето“, рече Брајант во интервју за „Си-Ен-Би-Си“ во септември. „Да, важно е да имаме и поврат, нели? Но, исто така е важно да се има одлична можност, одлични односи со нашите инвеститори, одлични можности со нашите претприемачи да им помогнеме да растат и да ги стават во ситуации тие да бидат успешни“.

Покрај компанијата, Брајант заработи и милиони долари во својата инвестиција во спортскиот пијалок „Боди Армор“, кој во 2018 година ја зголеми својата вредност, со продажба на удел на „Кока-Кола“.

Угледот на Брајант како ѕвезда спортист и креатор на брендот беше еден од клучевите за успехот. Во 2016 година, тој ја основа „Гранити Студиос“, медиумска компанија која се фокусира на креативни приказни околу спортот. Со оваа компанија, кошаркарската sвезда напиша сценарио за краток филм наречен „Драга кошарка“, кој ја освои наградата на Академијата за најдобар краткометражен анимиран филм во 2018 година. „Гранити“ објави и сет книги за млади, заедно со автобиографијата на Брајант наречена „Менталитетот на Мамба: Како играм“.

Градењето на брендот „Црна Мамба“

Брајант, познат во кошарката како „Црна Мамба“, започна да ја гради својата марка како спортист рано во кариерата со рекламирање на „Најк“. Брајант за прв пат потпиша договор со компанијата во 2003 година. Тој беше еден од елитната група на НБА играчи кои потпишаа со брендот оваа година, вклучувајќи ги Леброн Џејмс и Кармело Ентони. Ова помогна на спортската компанија да ја зацврсти својата позиција во кошаркарскиот свет во текот на следните неколку децении по пензионирањето на Мајкл Џордан во 2003 година.

Со успехот на Брајант на теренот, неговото партнерство со „Најк“ се зголеми. Марката лансираше бројни обувки и опрема на Коби. Во 2017 година, компанијата го изведе Брајант на сцената со тогашниот извршен директор Марк Паркер на својот годишен состанок за инвеститори за да го означи започнувањето на новата деловна стратегија на „Најк“.

Компанијата за спортска опрема се здружи со Брајант и Клубот за момчиња и девојки во Лос Анџелес, за отворање на младинска кошаркарска лига во 2017 година, наречена „Мамба лига“, давајќи им на стотици деца слободен пристап до спортот. Подоцна, Брајант ја основаше Спортската академија „Мамба“ за да обезбеди поширока можност за спортување во голем број спортови.

Брајант беше на пат за натпревар во Спортската академија „Мамба“ во неделата кога неговиот хеликоптер се урна.

Брајант исто така учествуваше во иницијативата на НБА лигата да ја прошири својата публика и надвор од САД, особено во Кина. Во 2015 година, тој работеше со групата „Алибаба“ да го објави документарецот за кошаркарската sвезда „Музата на Коби Брајант“ преку „Тмал меџик бокс“ во Кина. Договорот вклучуваше и работа со Брајант за создавање на нова платформа за социјални медиуми „што ќе доведе до нови можности за поврзување на младите луѓе во Кина директно со Коби и неговите филозофии“, се вели во соопштението од„ Алибаба“ во кое се најавува партнерството. Компанијата, исто така, продава редица производи со брендот „Коби“ на својата платформа за малопродажба.

Брајант, исто така, во текот на својата кариера имал договори за рекламирање со голем број други брендови, вклучувајќи ги „Мекдоналдс“, „Спрајт“, „Нинтендо“ и „Туркиш ерлајнс“.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе