Кирјос суспендиран до 2020 и казнет со 25.000 долари

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е казнет со 16 недели суспензија и казна од 25.000 долари поради „влошено однесување“, по истрагата на АТП. Организацијата соопшти дека Кирјос ќе биде под условна казна во траење од 6 месеци, период во кој не смее да повтори ниту еден прекршок од досега направените.

Контроверзниот тенисер со грчко потекло по казната од 113.000 долари поради напад на судија на Мастерсот во Синсинати, продолжи со испади и ги обвини организаторите на УС Опен дека се корумпирани.

„Истрагата што ја водеше потпретседателот Гејл Бредшо заклучи дека Кирјос има влошено однесување во законикот на АТП“, се наведува во соопштението.

Кирјос во следните 6 месеци не смее да направи ниту еден прекршок, не смее вербално да навреди ниту едно официјални лице на мечеви, навивачи ниту која било личност додека се наоѓа на терен.

Условната ќе ја прекрши ако стори каков било неспортски гест, како плукање во правец на судијата, што веќе го има правено. Прекршок ќе направи и ако со мимика или друго движење на телото упати закана или навреда на кој било на теренот и покрај него.

Ќе мора да користи услуги од официјален АТП психолог, а во текот на паузите во ноември и декември ќе биде ангажиран во работа со стручни лица.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе