Свет

„Кинескиот Twitter“ почна борба против хомосексуалноста

16. април 2018 - 17:03 | МИА

Пекинг, 16 април 2018 (МИА) - Социјалната мрежа Weibo, често нарекувана и „кинески Twitter" сака да создаде „светло и хармонично пространство", па по тој повод, новата политика на компанијата наложува содржините со хомосексуални елементи да се бришат.

Имено, платформата ќе ги надгледува текстуалните објави, видеата и игрите, и доколку содржат порнографија, крваво насилство и хомосексуални пораки ќе бидат трајно отстранети.

Интернет корисниците реагираа жестоко и оттаму произлезе и ознаката #IAmGay - како еден вид отпор кон таквата одлука.

- Како член на оваа група јас сум геј и сум горд на тоа... Одбивам да бидам дискриминиран или неразбран, напиша еден корисник.

- Дури и да ме тргнете, има десетици милиони како мене, напишал друг.

Првите „спорни“ содржини веќе се избришани.