Уште една безбедносна мерка

Кинеска апликација за детекција на контакт со заразени од корона вирусот

Досега од корона вирусот, наречен COVID-19, починаа над 1.100 луѓе, а кинеската влада спроведува бројни мерки во борбата против него. Меѓу нив е и користењето на апликацијата Close Contact Detector.

Апликацијата им овозможува на корисниците по скенирање на QR кодот со користење на апликации како Alipay, WeChat и други, да го запишат името и ID бројот, како и уште други ID броеви. Потоа, апликацијата ќе ја пребара базата и ќе го извести корисникот доколку бил во контакт со некој заразен со корона вирусот или со личност која има сомнителни симптоми.

Точните детали на функционирање на апликацијата не се познати, но државната новинска агенција Xinhua вели дека има поддршка од бројни кинески агенции и од министерствата.

Поради тоа што апликацијата од корисникот бара внесување на идентификациски број, веќе се зборува дека Кина не сака да се откаже од навлегувањето во личната приватност и следење на граѓаните, а во тоа апликацијата ќе помогне, со оглед на тоа дека системите за препознавање лица не функционираат поради заштитените маски.

реклама

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе