Вести

Кина во април ќе лансира ново вселенско летало

24. март 2020 - 16:24 | МИА

Кина планира во април да лансира експериментално беспилотно летало, како дел од пошироката програма за летање, што ќе им овозможи на астронаутите да се префрлат во идна вселенска станица, објавија денеска државните кинески медиуми.

Вселенското летало на новата генерација е предвидено да го лансира својот прв лет од провинцијата Хаинан, на југот на островот, кон крајот на април, објави новинската агенција Xīnhuá (新华), повикувајќи се на Кинеската вселенска агенција.

Вселенското летало се развива за работа на Кинеската вселенска станица и идните истражувања на вселената. Новото летало ќе биде поголемо од сегашните кинески вселенски летала во Шенжу и исто така ќе може да се користи повеќе пати, објави новинската агенција.

Со должина од 8,8 метри и тежина на полетување од 21,6 тони, леталото ќе може да носи шест астронаути, што е повеќе од максималниот капацитет на Шeнжу, кој може да пренесе три лица.

Истражувањето на вселената стана главен приоритет на Кина во последниве години, додека се обидува да ги стигне Русија и САД и да стане главна вселенска сила до 2030 година.