Кина на прво место по уапсени новинари во 2019 година

Вашингтон, 11 декември 2019 (МИА) – Одборот за заштита на новинарите Committee to Protect Journalists (CPJ) во денешниот објавен извештај наведе дека годинава во Кина се уапсени најмалку 48 новинари, со што земјата е на прво место наместо Турција.

Најмалку 250 новинари се уапсени ширум светот во текот на годината, што е за пет помалку од минатата година. Но, во Кина е уапсен еден новинар повеќе од минатата година.

– Бројот на уапсени новинари постојано расте откако претседателот Си Џинпинг ја зацврсти политичката контрола над земјата и покрена жестока контрола над медиумите, се наведува во извештајот.

Во извештајот посебно се истакнува провинцијата Синџианг, каде еден милион припадници на муслиманските етнички групи се интернирани во логори, што „доведе до апсење на десетици новинари, меѓу кои некои претходно беа во затвор поради нивната работа“.

Во Турција годинава се уапсени 47 новинари, додека минатата година беа лишени од слобода 68. Додека во Саудиска Арабија и Египет се уапсени 26, во Еритреја – 16, во Виетнам – 12 и во Иран – 11 новинари.

– Авторитаризмот, нестабилноста и протестите годинава доведоа до зголемување на бројот на уапсени новинари на Блиски Исток, се посочува во извештајот на CPJ.

Околу осум проценти од затворените новинари се жени, што е пад во однос на 2018 година кога затворени новинарки беа 13 отсто.

Според CPJ новинарите најчесто завршуваат во затвор поради текстови за политика, човекови права и корупција. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе