Технологија

Кина го прави најмоќниот суперкомпјутер во светот

20. октомври 2017 - 11:41 | М.Д.

Кинески научници развиваат супермоќен компјутер кој ќе може да изврши квантилион (милијарда, милијарда) операции во секунда и тврдат дека тоа ќе биде најмоќната „машина“ во светот.

Компјутерот е веќе наречен „Тианхе – 3“, а неговото пристигнување го најави за  новинарите на 19 Национален конгрес на Комунистичката партија во Кина, Менг Ксиангфеи, еден од шефовите на Националниот суперкомпјутерски центар.

Тоа ќе биде, според неговите зборови, десет пати побрз компјутер од моментално најбрзиот на светот.

Ќе може да се комуницира со висок степен на интелигенција, но исто така ќе биде и корисен во традиционалните индустрии како металската, правејќи бизнис модели, односно креирајќи, на пример, проекти за мали „паметни“ градови.

„Тој ќе го поддржува равојот на здравјето, помоќната и подигитализираната Кина“, порача Ксиангфеи.

Токму сега, како што објасни, „Танхе – 1“, првиот кинески квадрилионски дигитрон служи повеќе од 1.600 истражувачки инстути во повеќе од 20 кинески провинции.

„Кина планира да стане најмоќната технолошка сила во светот до 2035 година“, вели Ксиангфеи, наведувајќи дека секоја година добиваат повеќе од 600.000 дипломирани лица обучени за највисоките технологии.

Тој вели и дека Кина ќе продолжи да вложува во новите научни и технолошки достигнувања, односно додава дека е многу задоволен што неговата земја станува иновациски и технолошки моќна нација.