Досега сите три члена на семејство Ceed добија Red Dot признание за дизајн.
Урбаниот кросовер XCeed ја освои дизајнерската награда Red Dot за 2020 година.
Со новата награда за XCeed, бројот на Red Dot награди се искачи на 25. Првата награда корејската компанија ја доби во 2009 година.
„Kia веќе долго време работи на унапредување на квалитетот на своите возила и сè повеќе ги унапредува. Кросоверот XCeed ја претставува оваа наша визија, рече Карим Хабиб“, главен во дизајнерскиот центар на Kia.
Инаку, ова е втората важна дизајнерска награда за XCeed бидејќи веќе ја доби наградата iF.
XCeed неодамна го освои и престижното германско признание, наградата Златен волан.