Хрватите продолжуваат да измислуваат зборови: Новата тура ги насмеа сите

Додека во нашиот јазик одамна се користат странски зборови кои целосно се одомашиле, нашите екс-ју хрватски пријатели отсекогаш биле познати по измислувањето нови зборови во нивниот јазик.

Новите зборови како утјецајник, трогодак, водомет… го насмеаја целиот регион, но се чини дека не поминаа добро кај јазичарите и експертите за правописот. Тамошните медиуми сметаат дека новите зборови се толку лоши што магазинот Jezik годинава не избра ниту еден од нив за победник. Токму овој маганизин го организираше натпреварувањето собирајќи зборови од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023. На конкурсот се пријавиле 113 лица со предложени 303 збора. Ниту еден збор не доби доволно гласови за да биде награден, па така оваа 18-та натпреварувачка рунда остана без наградени.

Сепак, ова се осумте зборови што влегоа во финалето:

  • utjecajnik - инфлуенсер
  • trogodak - хет-трик
  • rabljaonica - продавница за половни работи
  • promopisac - копирајтер
  • ljetogrozan - чувствителен на топло
  • ubrusnik - држач за бришач
  • vodomet - ватерполо
  • vodometaš - ватерполист

Интересно е, пак, што Србите за „промописац“ измислија „рекламописање“.

Така, во Хрватска веќе не треба да велат „хет-трик“ кога фудбалер ќе постигне три гола на еден натпревар. Новиот збор е „трогодак“, кој доаѓа од „погодак“, што во превод е „погодок“, односно „гол“.

Исто така, повеќе нема да го користат зборот „ватерполо“ туку „водомет“. Очигледно е дека Хрватите сакаат да најдат што е можно повеќе свои зборови за концепти кои доаѓаат од англискиот јазик. Јасно е дека многу англиски зборови се влезени во јазиците ширум светот, а тоа е особено видливо во земјите од поранешна Југославија. Хрватите се решени да излезат како победници во оваа јазична битка.

Изборот на нови зборови е годишна традиција и дел од одбележувањето на Денот на хрватскиот јазик, Спомен-неделата на историските денови во кои е составена и потпишана Декларацијата за името и положбата на хрватскиот јазик во 1967 година.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе