Кошарка

Кевин Дурент позитивен на коронавирус: Бидете внимателни, чувајте се

17. март 2020 - 23:57 | Б.С.Б.

Четворица кошаркари на Бруклин Нетс се позитивни на коронавирус. Имињата на заразените на почетокот не беа познати, но потоа е откриено дека еден од нив е Кевин Дурент.

Најголемата ѕвезда во екипата подоцна тоа и го потврди во изјава за новинар на The Athletic.

„Бидете внимателни, чувајте се и останете во карантин. Ќе го пребродиме ова“, вели Дурент.

Сите заразени се во изолација, под лекарски надзор. Играчите беа тестирани откако тимот се врати дома од Сан Франциско, каде требаше да играат со Вориорс, но средбата беше откажана.

Според пишувањата, кошаркарите немале симптоми на болеста Covid-19, освен еден од нив.

Досега седум кошаркари во НБА лигата се заразени со коронавирусот.