Кануте: Големи играчи не прават голем тим

Поранешниот играч на Севиља, Лион и Тотенхем, Фредерик Кануте, го критикуваше тимот на ПСЖ за начинот на кој пробува да го изгради составот. Тој смета дека на тимот не му требаат повеќе скапи трансфери, туку дека им е потребно искуство.

Кануте имаше многу критики за тимот и раководството на ПСЖ, но го пофали тренерот на екипата, Унаи Емери.

Францускиот гигант потроши многу пред почетокот на оваа сезона, купувајќи го Нејмар за 222 милиони евра, а потоа и Килијан Мбапе за 180 милиони евра. Сепак, тие не успеаја да го донесат очекуваниот успех во првата сезона, а Кануте смета дека ПСЖ е далеку од успех и во наредните неколку години, поради пристапот со кој влегуваат во сезоната.

„ПСЖ купија многу ѕвезди во изминатите неколку години, но купувањето ѕвезди нема да го направи тимот голем. На овој клуб му треба стабилност, играчите треба природно да се навикнат на составот“, рече Кануте.

Реал Мадрид го елиминираше ПСЖ уште во првото коло од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, и во фудбалскиот свет многумина шпекулираа дека Унаи Емери ќе си замине од клупата на крајот од сезоната. Но, Кануте е негов фан и смета дека Шпанецот заслужува уште една шанса.

„Ми се допаѓа уште откога бев да ги посетам моите поранешни соиграчи во Севиља. Го гледав како работи со страст на тренинзите и навистина мислам дека поседува квалитет за да води врвен клуб“, додаде Кануте.

Според Кануте, Емери не може да ја докаже неговата вредност како тренер на ПСЖ бидејќи ѕвездите во тимот многу често го засенуваат. Но, и покрај тоа, тој вели дека би уживал играјќи фудбал доколку Емери му е тренер.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе