Кантона е кралот во спотот за „Once“ на Лијам Галагер

Ерик Кантона е во главна улога во спотот за новата акустична верзија на песната „Once“ на Лијам Галагер, кој излезе денеска.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е во необична соработка со славниот пејач кој, пак, е навивач на лутиот ривал Манчестер Сити.

„Тој е луд, а на мене секогаш ми се допаѓаа така малку пооткачените, како него, Балотели, Ди Канио“, еднаш изјави поранешниот фронтмен на Oasis.

На крајот од спотот се појавува и Лијам во улога на возачот на Rolls Royce.