Канада и Австралија нема да учествуваат на ОИ ако не се одложат поради Covid-19

Австралискиот олимписки комитет соопшти дека нема да може да ги собере своите спортисти за Олимпијадата во Токио предвидена за јули оваа година.

– Австралискиот олимписки комитет одржа телеконференција на Извршниот комитет и едногласно донесе одлука дека австралискиот тим не може да се собере во вакви услови дома и во странство. Игрите не можат да се одржат во јули. Стресот и неизвесноста предизвикана од пандемијата на коронавирус ја прават подготовката исклучително тешка, се вели во соопштението.

Канадскиот олимписки комитет (КОК) и канадскиот параолимписки комитет (ККП) претходно дадоа изјава во врска со Олимписките игри во 2020 година во Токио, Јапонија. Тие бараат негово одложување поради пандемијата на коронавирус.

– КОК и ККП повикуваат на одложување на Игрите за една година и ние нудиме целосна поддршка да помогнеме во сите тешкотии што се појавуваат при трансферот. Нема ништо поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и меѓународната заедница. Не станува збор само за здравјето на спортистите, туку и за јавното здравје.

Ја донесовме тешката одлука да не ги испраќаме канадските екипи на Олимписките и Параолимписките игри летово, 2020 година. Ние сме во епицентарот на глобалната здравствена криза, што е многу поважно од спортот, се вели во соопштението на Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Канада.

Во случај Игрите да се одржат годинава, ова ќе биде трета Олимпијада без канадски спортисти. Канада не учествуваше во Атина (Грција) 1896 и во Москва (Русија, тогашен СССР) 1980 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе