Каква штета на организмот предизвикува прекумерниот внес на маснотии?

Прекумерното ниво на маснотии во крвта може да предизвика оштетување на органите, а ова се резултатите од новата студија која е спроведена во Германија.

Истражувачите открија дека високото ниво на липидите (мастите) во крвта може да доведе до воспалeние во организмот, а со тек на времето до сериозни последици како што е оштетување на органите.

Воспалението може да биде причина за појава на дијабетес, кардиоваскуларни проблеми и прекумерна дебелина.

Еден од најголемите причини за воспаление е инфекцијата. Кога телото ќе почувствува дека во него влегуваат опасни микроогранизми како што се бактериите, тоа се обидува да одговори на нив. 

Ваквиот пресврт е природен и обично помага во одржување на здравствената состојба. Меѓутоа, понекогаш воспалението не се јавува поради инфекција и може да доведе до различни видови на оштетувања.

Во новата студија објавена во списанието Nature Immunology Trusted Source, докторот Тимо Спир и неговиот тим од истражувачи велат дека воспалението го предизвикува големото ниво на триглицериди во крвта.

Студијата исто така ги откри и механизмите со помош на кои високото ниво на маснотии во крвта може да доведе до воспаление кое може да влијае и на другите биолошки процеси и да доведе до оштетување на органите.

„Нашето истражување проучуваше три групи на триглицериди. Успеавме да покажеме дека кога овие масти се присутни во зголемена концентрација, тие можат да ги сменат нашите одбрамбени ќелии на таков начин како што телото реагира на бактериски инфекции“, појасни докторот.

Исто така треба да внимавате дали имате исхрана која влијае на зголемување на нивото на маснотии во крвта.

Диетите кои подразбираат консумирање храна со ниска масленост може да го продолжат животниот век на пациентите, како оние што имаат дијабетес и висок крвен притисок.

Спир и неговите колеги се надеваат дека нивните резултати ќе им помогнат во развојот на нови стратегии на лечење и спречување на болести опасни по живот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе