Концепти

Каква опција ќе имаат новите седишта на Jaguar?

20. јануари 2020 - 18:05 | М.С.

Дизајнерите на престижниот произведувач на автомобили сакаат да ги исполнат сите желби на своите купувачи.

Голем број на возачи по долгите часови поминати во возење чувствуваат болки во делот на половината и рамената.

Научниците ве советуваат да правите чести паузи додека возите долги релации, за да избегнете воспаление на мускулите и повреди коишто настануваат поради неудобните седишта.

Конструкторите на компанијата Jaguar Land Rover направија нов тип на автомобилски седишта.

Иновативниот производ ги стимулира мускулите да се движат за да не чувствувате болка додека возите.

Седиштето во моментот се тестира во одделот на компанијата во кој се произведува ентериерот на автомобилите.

Во текот на возењето, седиштето ќе предизвикува вибрации кои ги стимулираат мускулите.

Со тоа се намалува ризикот од појава на болка.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од 1,4 милијарди луѓе на планетата го поминуваат поголемиот дел од времето во седечка положба. Тоа предизвикуваа сериозни оштетувања на мускулите на нозете. Професионалните возачи се особено изложени на овој ризик.