На 24-ти август, Bugatti ќе го претстави новиот модел Divo. За новиот суперавтомобил до сега не се знае многу, а се претпоставува дека под хаубата ќе биде сместен 8-литарски квад-турбо W16 мотор, кој развива 1.497 КС и 1.600 Nm вртежен момент.
Пред да ги дознаеме сите официјални информации и да го видиме претставувањето, слушнете го звукот на новиот Bugatti Divo кој ќе биде произведен во само 40 примероци, од кои секој ќе чини по 5 милиони евра.