Како забрзува Tesla Model 3 на автопат?
Освен на тркачките стази, германскиот автопат е едно од ретките места каде Model 3 на Tesla може да се вози со максимална брзина. Но, не предолго, бидејќи може да остане без батерија.
Додека Елон Маск бара начини да го забрза проиводството на Model 3 во фабриките на Tesla, оние кои веќе го добија својот електричен автомобил добро се забавуваат со него.
На видеото се гледа како електричната лимузина на Tesla ја достигнува максималната декларирана брзина од 225км/ч на германскиот аутобан.
На снимката се гледа дека официјалната максимална брзина дури и е надмината, но само минута и пол „бришење“ по автопатот, капацитетот на батеријата падна од 100 километри на 80-тина.