Како Tesla ја тестира безбедноста на своите автомобили?
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ја откри својата лабораторија за тестирање на безбедноста на возилата.
Crash Lab на Tesla се наоѓа во седиштето на компанијата во Фремонт, Калифорнија, а таму се развиваа безбедносните системи за Model 3 кои се водечки во својот сегмент.
Model 3 доби неколку признанија за безбедноста, како максимални 5 ѕвездички во сите категории и најниска веројатност за повреда во историјата на тестирањето NHTSA, како и 5 ѕвездички од EuroNCAP.
За да покаже колку инженерска работа се вложува во остварување на безбедносните стандарди, Tesla објави видео во кое дава увид во својата лабораторија.