Како славните личности реагираат на напорни папараци?

Многу луѓе го посакуваат животот на славните, но најверојатно не помислуваат на еден важен елемент од таквиот начин на живот – постојаното присуство на папараци кои сакаат да ги уловат ѕвездите во непосакувана поза, чудна локација или сомнително друштво.

Ѕвездите имаат најразлични методи за заштита и справување со здодевните папараци, од маскирање, ставање ќебе преку глава, криење, покажување пораки, па дури и „возвраќање на ударот“ – вадат смартфон или фотоапарат и ги фотографираат нив.

Леонардо Дикаприо се има криено зад шапка и чадор, Алек Болдвин префрли ќебе преку глава, а на Кање Вест едноставно само му ја снемува насмевката од лицето кога во него е вперена камера.