Како се слави роденден во време на коронавирус?

Пандемијата со Covid-19 продолжува да се шири низ светот, но тоа не значи дека животот запира. Само се одвива во поинакви услови. Откако почна нагло да расте бројот на заразени со новиот коронавирус и заболени има во речиси сите земји во светот, секоја од државите воведе свои мерки за заштита. Најчестата е социјално дистанцирање и домашна изолација, особено за постарите луѓе кои се најчувствителни на вирусот.

Оние луѓе кои имаа родендени во изминативе 2-3 месеци откако почна ширењето на коронавирусот најдобро знаат што значи да не можеш да се гушнеш со најблиските на денот кога го славиш својот живот.

Ова се најсимпатичните начини како луѓето најдоа начин да прослават роденден дури и во време на коронавирус.