Како се покажа Mercedes AMG А45 S на патеката во Нирбургринг?

Mercedes-AMG A45 S низ „зелениот пекол“ помина за 7 минути и 48,80 секунди.

Преносот на силата на овој „ѕвер“ е доверен на 8-степен автоматски менувач со две квачила, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,9 секунди и развива 270 км/ч.

Од германското списание Sport Auto сакаа да ја проверат силата на најмоќниот и најмалиот автомобил на Mercedes. Малиот автомобил го демонстрираше својот потенцијал и на тркачката патека помина за 7 минути и 48.80 секунди.