Нобеловата награда е една од најпрестижните ннагради то може да ги добие еден човек денеска. Деновиве слушаме за доделувањето на овогодинешните Нобелови награди, меѓу која и за мир, но дали ја знаете историјата зад истата?
Нобеловата награда за мир е една од петте креирани од изумителот на динамит Алфред Нобел. Овој успешен изумител никогаш не бил женет и немал потомци, па откако починал, неговото наследство го оставил во интересна цел- Пет награди кои ќе се доделуваат на успеси во различни полиња: Физика, Хемија, Медицина, Литература и Мир.
Бидејќи работата на Нобел била во доменот на науките како физика, хемија и медицина, а исто така и сакал да чита, лесно е да се разбере зошто постојат овие категории.
Но зошто ја креирал награда за мир?
Поради фактот што неговиот изум (динамитот) бил употребуван најмногу во воени цели, се верува дека тој се каел за ова и затоа постои наградата за мир.
Некои историчари ја поврзуваат неговата насоченост кон мир со тогаш познатиот пацифист Берта Вон Сутнер - која во 1905 година стана првата жена која ја доби Нобеловата награда за мир.
Во однос на критериумите што ги поставил Нобел, потенцијалните кандидати мора да се стремат кон разоружување, пријателства помеѓу држави и одржување на мировни конгреси. Подоцна критериумите беа проширени и вклучија напори во човечките права и преговори.
Исто така наградата не мора да ја добие индивидуалец, туку како и во една третина од досега доделените награди за мир, може да ја делат двајца или тројца луѓе.
Номинациите за наградата може да дојдат од член на национално собрание, државен суд или влада, ректори на факултети и претходни добитници на оваа награда. Ови номинации се тајни и најчесто не дознаваме кој кого го номинирал за наградата.
Добитникот го одбира комитетот за Нобеловата награда за мир, кој една година работи кон истражување и оценување на работата на секој од номинираните.
Лауреатот добива златен медал изгравирана со ликот на Нобел и латинската изрека „За мир и братсво на луѓе“, како и диплома и парична награда од околу 1 милион долари.
Меѓу најпознатите добитници на Нобеловата награда за мир се: Јасер Арафат, Мајка тереза, Далај Лама, Нелсон Мендела, Мартин лутер Кинг, Барак Обама, Малала Јусафзеи и други.