Како работи италијанската мафија во време на коронавирус?

Криминалните организации во Италија делат прехранбени производи на најсиромашните за да ги привлечат во време на пандемијата со COVID-19, предупредува новинарот Роберто Савијано.

Тој тврди дека овие организации исто така помагаат во одобрувањето позајмици без камата од лихвари.

Мафијашките групи сакаат да се инфилтрираат во некои бизниси кои сега се соочуваат со потешкотии и чекаат европска финансиска помош, вели Савијано, автор на книгата „Гомора“ за неаполската мафија Камора.

„Мафијата само чека некаква криза“, а компаниите во неволја ќе бидат жртвите, бидејќи ќе влезат во бизнис со партнери кои се поврзани со овие криминални организации, тврди тој.

„И вие станувате партнер бидејќи сте влегле во бизнис со нив. Ова не е ситуација во која некој ви доаѓа со пиштол, туку мафијата доаѓа во форма на финансиски советници кои ви нудат помош“, додава Савијано.

Според неговите сознанија, ако Европа не интервенира, на неконтролиран начин ќе се зголеми количината на пари со која располагаат мафијашките организации , а сега се наоѓа во Германија, Франција, Шпанија и Белгија.

Покрај тоа што им даваат храна на најсиромашните во Неапол, лихварите на барање на Камора ги укинале каматите за позајмување пари.

„Зошто? За да добијат нешто за возврат“, тврди Савијано кој сега живее во Њујорк и имаше полициска заштита по издавањето на книгата во 2006 година бидејќи имаше бројни закани по неговиот живот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе