Како панда слави роденден?
Панда во зоолошката градина во Берлин го прослави својот 10-ти роденден со торта-сладолед од зеленчук.
„Направивме ледена торта со зеленчук, ставивме благи компири и цвекло, а од овошје ставивме малку јаболки како декор. На врвот ставивме и бисквити направени од брашно од разни семиња“, вели Марсел Крел, вработен во Зоо Берлин.
Пандата наречена Чиао Чин била донесена во Берлин во 2017 година.