Како Конор Мекгрегор се подготвува за камбек во УФЦ?

Тренерот на Конор Мекгрегор призна дека се оддалечиле со ирскиот ММА борец по неговиот драматичен пораз од Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор ќе се врати во УФЦ октагонот за првпат по 15 месеци и ќе се соочи со ветеранот Доналд Сероне во Лас Вегас на 19 јануари.

Ирецот се дистанцираше од светот на УФЦ по поразот и се фокусираше на неговиот бизнис како производител на виски.

Неговиот тренер Џон Кавано сега тврди дека се блиски како никогаш досега.

„Малку се оддалечивме, нему му се случуваа многу работи во животот, бизнисот со виски и други работи, а мојот тим беше зафатен со многу нови борачи кои се приклучија“, рече Кавано.

„Тоа е природен тек на нештата, но изминативе месеци беа фантастични. Поблиски сме од кога било и имам добро претчувство за борбата“, рече тренерот.

„Редовно доаѓа на тренинзи. Не бев сигурен дали ќе може да ги издржи тренинзите кои му ги подготвував, да бидеме реални, човекот заработува многу пари и тешко да одиш да трчаш откако ќе се разбудиш во свилени гаќи“, се пошегува Кавано.

„Но, доаѓа и тренира и се мотивира. Покажува дека сака повторно да се натпреварува на највисоко ниво.“

Кавано исто така инсистира дека Мекгрегор ќе се врати во октагонот како подобар борач од оној кој попушти под ударите на Нурмагомедов.

„Дефинитивно ги има подобрено вештините. Технички гледано, тој е најдобриот борач што сум го видел“, додаде тренерот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе