Како изгледал континентот Пангеја?

Пангеја бил древен суперконтинент кој настанал во времето на палеозоикот и мезозоикот.

Водената маса која ја опкружувала Пангеја се нарекувала Панталаса. Името го дал Алфред Вегенер, промотер на идејата за поместување на континентите од 1915 година.

Потоа, со поместување на тектонските плочи се раздвоил на два континента и тоа Лауразиј во Северната Земјина полутопка и Гондвана во Јужната Земјина полутопка. Со нивната понатамошна поделба настанале денешните континенти.