Како изгледаа ѕвездите на Met Gala во 1999 година?

На свеченоста Met Gala во 1999 година се одбележуваше поставката Rock Style во Институтот за костимографија на Музејот Метрополитен во Њујорк и славните таа година покажаа како тие ја толкуваат фразата „рок кралска крв“.

Met Gala тогаш изгледаше многу поразлично од гламурозниот настан што го знаеме денес. Таа фамозна 1999 година, на скалите на Мет дефилираа ѕвезди во подем во 90-тите кои денес ги сметаме за икони: актерката Лив Тајлер, дизајнерката Стела Макартни, пејачката и актерка Џенифер Лопез (тогаш во друштво на Пи Диди), актерките Џенифер Лав Хјуит и Кристина Ричи... меѓу гостите секако има и легенди кои тогаш беа во екот на славата: покојната музичка дива Витни Хјустон, модната кралица Донатела Версаче, комичарот Џери Сајнфелд.