Првиот трејлер за филмот „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“ конечно е објавен и дава поглед на Зак Ефрон во улогата на злогласениот сериски убиец Тед Банди.
Филмот е повеќе базиран на реакциите на луѓето на убиствата на Тед, отколку на самиот чин на убиствата. Меѓутоа, во некои сцени може да се види Тед како замавнува со кука.
Филмот е во фокусот на јавното внимание во Америка каде се дебатира дали шармантниот и згоден Тед Банди навистина е виновен или бил погрешно осуден.
Лили Колинс во филмот ја игра неговата партнерка Елизабет Клопфер која се самозалажува дека тој не е убиец, но на крај сепак го пријавува во полиција.
Светската премиера на филмот „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“ ќе биде денеска на филмскиот фестивал Санденс.