Авто новости

Како изгледа возењето во најбрзото Porsche во светот?

16. јануари 2020 - 17:27 | Б.С.Б.

Еден од најбрзите автомобили на денешнината, Porsche 919 Hybrid, е направен во Германија. Освен брзината го одликува и голема издржливост, па оваа сезона е фаворит на сите трки на кои ќе настапи.

Porsche 919 Hybrid учествуваше на ФИА Светското првенство во трки на издржливост. Трипати го освои овој натпревар и трипати беше победник на трката „24 часа Ле Ман“.

„Брзинското ограничување зависи од телото на возачот, а не од автомобилот. Најбрзите тркачки автомобили би можеле да одат побрзо, но во тоа ги спречува телото и мозокот на пилотот. Porsche 919 Hybrid е најбрзиот автомобил што е некогаш создаден“, објасни Нил Џани за CNN.