Авто новости

Како изгледа возењето со брзина од 420 километри на час?

2. септември 2019 - 11:02 | А.С.

Максималната брзина на моделот Chiron Sport на Bugatti беше само уште еден податок на хартија, а сега за првпат некој се реши да ја тестира таа брзина надвор од фабриката.

Bugatti Chiron е еден од најскапите и најексклузивните спортски автомобили на денешницата, а неговата Sport варијанта е полесна и дополнително опремена за да има подобри перформанси на тркачката патека.

Chiron Sport има мотор како и „обичниот“ Chiron – 8-литарски W16 со четири турбополначи, моќност од 1.500 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.600 Nm.

Ако сакате да го возите овој автомобил со максималната фабрички декларирана брзина, ќе мора да се упатите кон посебна стаза за тестирање. При вакви екстремни брзини потребно е многу простор во должина и тоа не само за забрзување, туку и за забавување и за кочење.

Едно од тие места е стазата Ehra-Lessein на Volkswagen во Германија, со должина од 8,7 километри.

Зад воланот на Chiron Sport се најде главниот уредник на списанието Top Gear, Чарли Тарнер, кој сакаше да провери во пракса како е да се вози со брзина од 420 километри на час.