Како изгледа новиот Samsung Galaxy A9?

Технолошката компанија Samsung денеска во Милано го претстави новиот смартфон Galaxy A9, кој е посебен во тоа што е првиот смартфон со дури четири задни камери.

Предната, петта камера, има Sony IMX576 сензор со резолуција од 24 мегапиксели и нуди напредни можности за правење на селфи фотографии.

Едната камера е со широкоаголна леќа (околу 120 степени) и резолуција од осум пиксели, втората е главна камера со резолуција од 24 мегапиксели, третата е телефото со 10 мегапиксели и четвртата исто така телефото со пет мегапиксели.

Екранот е со дијагонала од 6,28 инчи FullHD  резолуција, а батеријата со капацитет од 3.88 mAh. Смартфонот има RAM од 6GB, интерна меморија од 128 GB, Snapdragon 660 процесор, сензор за отпечаток од прст и технологија за препознавање лица.

Фото: Klix.ba