Како изгледа миењето на најскапиот автомобил во светот?

Lamborghini Veneno е произведен во само 9 примероци, а еден од овие автомобили особено има среќа бидејќи неговиот сопственик редовно го чисти и внимава на него. Кога за тоа нема време, тогаш настапуваат експертите од Topaz Detaling кои на автомобилот му посветуваат подеднакво внимание.

Со четкички од коњски влакна се чистат тркалата, површината на автомобилот не се мие со агресивни средства туку со разреден сок од лимон, пења и крпа од овча волна. Целиот третман на автомобилот е детален и внимателно се разгледува како се изработува. Овој Veneno  е првиот во Обединетото Кралство.