Како изгледа концептот за електричниот Volkswagen ID. Space Vizzion?

VW со концeптот за моделот ID. Space Vizzion покажува како во блиската иднина ќе изгледа нивниот електричен автомобил.

Концептот на Volkswagen за електричниот модел ID. Space Vizzion на публиката премиерно ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Лос Анџелес, а од германската автомобилска компанија сакаат да покажат како во блиската иднина ќе изгледа уште еден модел кој ќе го придвижува само електричен мотор.

Долг 4,95 метри, ID. Space Vizzion е седми модел кој настана на VW наменска MEB платформа, а зад аеродинамичната каросерија без рачки на вратите, се кријат два електрични мотори кои се напојуваат од батерии со капацитет од 82 kWh.

Електричниот мотор во комбинација располага со повеќе од 330 коњски сили, a од 0 до 100 км/ч. забрзува за 5 секунди и развива 175 километри на час.