Како изгледа бесконтактна испорака на нов автомобил во време на коронавирус?

Кинескиот автомобилски бренд Geely смисли иновативен начин како бесконтактно да ги достави новите автомобили до купувачите.

Пандемијата со Covid-19 тешко се одрази на многу индустриски гранки, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија. Освен на производството, оваа ситуација драстично се одрази и на продажбата на нови, штотуку направени возила.

Со оглед на тоа дека епидемијата почна од Кина и таму најтешко се одрази, тамошните автомобилски компании уште од февруари се обидуват да најдат начини да допрат до потенцијалните купувачи.

Затоа Geely Auto, откако продажните автосалони останаа без продавачи и без посетители, реши да почне сопствена услуга за онлајн продажба која им овозможува на купувачите не само да го одберат своето возило, туку и да им биде испорачано на домашна адреса – од тест-возење до продажба – ако се одлучат да го купат.

На овој начин велат дека продале повеќе од 10.000 возила, а дополнителни 110.000 потенцијални клиенти веќе  се регистрирале.

Geely објави и видео во кое покажува како се одвива процесот на испорака кој е целосно бесконтактен.

Новиот автомобил целосно се дезинфицира, се носи на домашна адреса со пајак возило, а клучевите се доставуваат со дрон.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Авто новости

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Read more
 

Автомобили

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе

VW Passat добива четири нови мотори, еден е особено интересен

Читај повеќе