Како да снимате состанок на Zoom?
Zoom станува многу популарна платформа за онлајн комуникација и видеосостаноци, со оглед на тоа дека сѐ повеќе луѓе работат од дома.
Платформата е бесплатна и лесна за користење, што се дополнителни причини за нејзината вирална популарност.
Ако сакате да снимате состанок одржан преку Zoom, можете да го направите тоа без разлика дали сте хост (домаќин) на повикот, или учесник. Снимката ќе се зачува во вашиот компјутер.
Како да го направите тоа, научете со видеотуторијалот на Howfinity.