Затоа што “storage almost full” е тапа

Како да си ослободите простор на iPhone во неколку лесни чекори?

Ако сте горд сопственик на „чичка нов” златен iPhone 6S со меморија од 64 GB (или било кој модел што е кул во времето кога ќе го читате ова), а не можете да го користите затоа што ви снемало меморија, тогаш мора да ве прашаме: што по ѓаволите правите?

Ептен е тапа кога ќе излезе досадната нотификација “storage almost full”, па почнува паниката и анксиозноста. Се обидувате да одлучите кои од апликациите да ги избришете, но и тоа нема баш да го реши проблемот на подолг рок. Постојат неколку лесни подесувања кои можете брзо да ги направите, а ќе ви ослободат значителен простор. После, може да си се вратите на Facebook и Instagram.

Подесете автоматско бришење на старите пораки
Не постои добра причина да сочувате засекогаш порака од типот „Купи ми цигари на враќање”. Наместо да ги бришете глупите стари пораки една по една, едноставно отидете во Settings > Messages > Keep Messages. Одлучете колку долго сакате да ги задржите, а телефонот ќе си ги избрише сите постари во еден потег.

Исклучете го photo stream
Photo Stream ги комбинира сите фотографии кои сте ги направиле на сите ваши уреди во фото галеријата од вашиот телефон и ви јаде скапоцени мегабајти. Отидете во Settings > Photos & Camera, исклучете го Photo Stream и откријте ги слатките дополнителни мегабајти.

Избришете ги старите говорни пораки
Отидете во Phone > Voicemail > Edit и одберете бришење на старите говорни пораки. Вашиот телефон ги чува старите говорни пораки без добра причина, па погрижете се да скролнете надоле до Deleted Messages > Clear All бидејќи во спротивно целата работа ќе биде за џабе.

Избришете ги подкастите кои ви се преслушани
Ова ќе биде тешко да го прифатите, ама секој подкаст „лапа” по 25 MB, па може да ослободите простор со Settings > Podcasts > Delete Played Episodes.

Зачувајте само HDR фотографии
HDR (high dynamic range) ја комбинира најдобрата верзија на три различни експозиции од една фотографија, па ако ја имате обрано опцијата Keep Normal Photo (или во превод „инфериорниот оригинал”), тогаш џабе ги дуплирате. Не ги чувајте оригиналите. Отидете во Go to Settings > Photos & Camera > и исклучете го Keep Normal Photos.

Исчистете го интернет прелистувачот
Доколку често го користите Safari за сурфање, голема е веројатноста дека чувате еден тон веб историја и податоци за вашиот прелистувач да работи побрзо. Исчистете го овој неред во Settings > Safari > Clear History and Website Data.

Ослободете се од дуплираните Instagram фотки
Види, не ти треба цел албум полн со дупликат фотки кои веќе ги имаш на Instagram. Што ќе правиш со две фотки од хамбургерот од Седмица од синоќа? Искрено, не ти треба ниту една. Ајде, трк до Photos > Edit и избриши го Instagram албумот со еден потег.

И кажи му на Instagram да престане да ги зачувува
Оваа превентивна мерка ќе осигура Instagram да престане да ги зачувува фотките во посебен албум во галеријата на телефонот. Отворете ја Instagram апликацијата > your profile > Options > отселектирајте "Save Original Photos”

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе