Како да се заштитите од корона вирусот во јавниот транспорт?

Веќе ви се познати препораките за одржување високо ниво на хигиена додека има епидемија на корона вирус во светот, честото миење на раце е многу важно. Но, што други може да направите за да се заштитите од корона вирусот?

Експертите велат дека треба да избегнувате да го допирате лицето. Во просек, луѓето тоа го прават 2.000 до 3.000 пати на ден.

Во ова интересно видео ќе погледнете како да направите домашно средство за дезинфекција, со состојки како вода, гел од алое, алкохол и неколку капки есенцијално масло. Исто така, ќе погледнете практични совети за тоа како да се заштитите додека сте во јавниот превоз и слично.