Како да се истакнеш покрај највисоката зграда во светот – со зграда која дише

Како да се истакнеш покрај највисоката зграда во светот? Тоа бил предизвикот со кој се соочила архитектонската компанија UNStudio од Холандија кога била ангажирана да изгради нов облакодер на улицата „Шеик Зајед“ во Дубаи, веднаш спроти Бурџ Калифа која се извишува на 828 метри од земјата.

Клиентот, државната градежна компанија Wasl, не бил фиксиран на висина, вели основачот и главен архитект на UNStudio, Бен ван Беркел. Насоките што ги добиле укажувале на „цврст, одржлив концепт“ за зграда која ќе се поврзе со околината.

Wasl Tower ќе биде готова во август, 2021 година и Ван Беркел е убеден дека освен што ги исполнува првичните насоки, има и специфичен изглед. Облакодерот висок 302 метри и „тежок“ 400 милиони долари има спирален, асиметричен дизајн, инспириран од позата „contrapposto“ што често се применува во класичната скулптура, со цел да се добие ефект на динамично движење.

Зградата исто така ќе ја има една од највисоките керамички фасади на светот, изработена од материјали базирани на глина, со „превез“ од керамички плочки во форма на крлушки на риба. Ваквиот дизајн ќе обезбеди енергетска ефикасност и заштита од суровата жештина во Дубаи, што ја намалува потребата од климатизирање на воздухот, додека истовремено ја насочува светлината внатре, велат архитектите.

Која е предноста на користењето керамички материјали?

Керамичките материјали нудат разни предности и за надворешноста, односно околината на зградата, вели Ван Беркел. Стаклените фасади обично рефлектираат многу топлина на околината што во некои случаи имало и катастрофални последици, но керамичките плочки ја изолираат зградата од надворешната топлина додека истовремено не ја пренасочуваат на околната урбана средина.

Архитектот споделува и други причини зошто избрале керамички материјали. Тој вели дека керамиката може да биде поцврста и од бетонот, додека е истовремено и доволно лесно се обликува во „фантастично иновативни“ форми.

Дизајнот дозволува уште една неверојатна карактеристика на зградата. Формата и составот на керамичките крлушки ќе ја рефлектираат сончевата светлина во ритмички шаблони што оддава впечаток дека зградата дише, тврди архитектот. Сличен ефект ќе има ноќе благодарение на мрежата од LED светилки зад фасадата.

„Вертикален булевар“

Друга иновација во Wasl Tower ќе биде „вертикалниот булевар“ што ќе се протека по целата висина на градбата. Овој ефект на „отворен шев“ ќе се постигне со „балкони со зеленило кои ќе бидат така поставени еден врз друг што ќе формираат зелена вена долж силуетата на зградата“.

Во Wasl Tower ќе има хотел од синџирот луксузни хотели Mandarin Oriental, како и приватни станови, канцеларии и базени на покривот. Пешачки мост ќе ја поврзува зградата со метро станицата Бурџ Калифа.

Поврзувањето со инфраструктурата за јавен превоз било делумно одговор на барањето на клиентот зградата да биде пристапна и привлечна за постојаните, долгорочни жители на градот, вели Ван Беркел.

„Ако имате премногу краткорочни посетители, тоа може да го истенчи ‘друштвеното лепило’ на градот – луѓето заминуваат од градските центи и не ги користат кафулињата и рестораните“, вели тој.

„На областите околу транспортните системи им треба живот преку соодветни програми со кои луѓето ќе се гледаат и ќе се задржуваат во таа област.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе