Како да препознаете емоционално недостапен маж?

Љубовните односи се комплицирани, а особено кога ќе се во врска со некој којшто е сосема различен од вас. Кои се карактеристиките на емоционално недостапен партнер и како да го препознаете?

Ваквите партнери ги негираат или ги минимизираат нивните чувства.

Често знаат да кажат „се лутиш без причина“, „немаш причина за грижа“, „не плачи“, итн. На тој начин се блокира размена на енергија на емоционално ниво и се испраќа порака за психолошка забрана за определени чувства.

Доколку некој се обиде да зборува со нив, ќе го обвинат дека им се наметнува или дека е здодевен.

Постојано се жали за неговите поранешни девојки

Секој има багаж поврзан со поранешните партнери, но ако вашето момче зборува како сѐ што тргнало наопаку во врската да било вина на другата страна, тоа е знак на предупредување. Секако дека постои можност навистина да било нивна вина, но исто така е возможно тој да не може да преземе одговорност за она што го направил, што нема да донесе ништо добро за вашата емотивна благосостојба.

Никогаш не прави сигурни планови со никого

На сите понекогаш ни излегува нешто во животот и мораме да откажеме некои планови, но овој тип на партнер постојано ви откажува и никогаш не може да ви даде сигурен одговор дека ќе биде таму каде што сте се договориле. Тој не сака да потроши време на ништо. Тоа сигурно ќе се одрази и на вашата врска.

Веднаш иницира секс

За момците кои сакаат да скокнат во кревет 5 минути откако ве запознале, големи се шансите дека се работи за емоционално недостапни личности. Тие немаат проблем со сексот без обврски, туку со одењето полека и зборувањето за вистински важни работи. Имајте го ова на ум и не избрзувајте.

Почнува интензивно да се гледа со вас и потоа исчезнува

Можеби физички тој сѐ уште е присутен, но дел од неговиот емотивен или сексуален интерес дефинитивно недостасува. Ако тој не може да биде постојан, веројатноста е дека има проблеми кои не можете да ги решите заедно, затоа што нему му треба терапија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе