Kако да напишете CV што ќе ве издвои од другитe кандидати?

Пишувањето добро, балансирано, информативно CV кое ќе отскокне од низата испратени работни биографии, е мајсторија сама по себе.

Секако, не би ве охрабриле да лажете на вашето CV кога барате нова работа, тоа секогаш излегува на површина, порано или подоцна. Но, секогаш можете да направите некои измени со кои ќе ги потенцирате вашите силни страни, детали кои можеби ги заборавате или за кои не знаете дека не само што може да ги ставите во резимето, туку и може да бидат „Икс факторот“ што ќе ве издвои од другите.

Треба да ги импресионирате потенцијалните работодавачи со тоа што ќе ги истакнете вашите вештини, искуства и знаења, но треба да внимавате да не ставите премногу информации во работната биографија.

Тајната е во наоѓањето на вистинскиот баланс. Ова се неколку совети како да го подобрите вашето постоечко CV за да им „фати око“ на луѓето кои треба да ве викнат на интервју:

Што треба да потенцирате?

Најефикасен начин да се претставите во најдобро можно светло за работната позиција за која аплицирате уште пред да ве сретнат лице в лице, е да ги потенцирате конкретните вештини, знаења и искуства кои се најсоодветни за таа позиција.

На пример, ако вашето образование потполно се совпаѓа со потребното образование за таа работна позиција, потенцирајте дека сте завршиле токму на таа катедра, на таа насока или сте имале магистратура на таа тема. Дополнителното образование, како курсеви, семинари и дообука на конкретната тема исто така треба да бидат нагласени.

Ако на пример, од позицијата се бара кандидатот да има истакнати организациски вештини или флексибилност во работењето, тоа ставете го највисоко во листата на вештини, по можност со краток и јасен пример.

Доколку конкурсот е општ и неконкретен, побарајте повеќе информации од луѓе кои работат таму или во тој сектор. Исто така, може да побарате слични огласи и конкурси за таква работна позиција кои содржат повеќе податоци за квалификациите што се очекуваат од кандидатите за таа позиција.

Бонус совет: Користете го јазикот (фразеологијата) кој е употребен во конкурсот за работното место. На пример, ако во конкурсот стои: „Работната позиција е динамична и се очекува кандидатот да биде флексибилен во извршување на задачите и да биде подготвен да работи со крајни рокови“, вие како вештини ќе ги нагласите: организираност, флексибилност, способност за работа во тим, иницијативност, ефикасност при работа со крајни рокови.

Баланс на вештините

Потребно да имате балансирана комбинација на технички и социјални вештини.

Под технички, односно функционални вештини се подразбираат: работа со компјутери, познавање јазици, дополнителни обуки во специфична област, работа со конкретни машини, софтвери и слично.

Под социјални, односно карактерни вештини се вбројуваат однесувања и особини што ги применувате секојдневно: иницијативност, колегијалност, толерантност, способност за решавање конфликти и проблеми, комуникациски вештини, способност за организирање и менаџирање...

И двете групи вештини се важни. Кога работодавачите ги бираат кандидатите, покрај тоа што гледаат дали сте квалификувани за работното место, сакаат да знаат и дали ќе се вклопите во тимот, односно во „екосистемот“ на компанијата.

Бонус совет: Истражувајте пред да ги напишете мотивационото писмо и CV-то. Научете кои се начелата по кои се води компанијата, дали е на пример еколошки освестена, дали поддржува одредени каузи и организации, дали нуди стипендии и практикантски позиции, дали е општествено одговорна и слично. Имајќи ги предвид овие информации, истакнете ги оние работи кои се поклопуваат со вашата лична философија на живеење, принципи и идеали.

Личен печат

Во повеќето формати на работно CV, при крајот можете да наведете некои интереси, вештини и карактеристики кои не се поврзани со вашето образование и работно искуство, но кажуваат многу за вас како личност.

А ако конкурирате во добра компанија, сигурно бараат карактер, а не само добра листа на квалификации. Тука може да ставите (во кратки црти) дека на пример, планинарите, трчате маратони, волонтирате, сте член на некоја организација, дека ве интересира џез музика или дека во слободно време сакате да плетите или дека се занимавате со градинарство. Овие навидум „неважни“ податоци ќе му „нацртаат“ појасна слика за вас на потенцијалниот работодавач и ќе му стават личен печат на резимето.

Бонус совет: Испратете го вашето CV во работно време и не чекајте „5 до 12“ да конкурирате за работното место.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе