Концепти

Како би можел да изгледа моделот Škoda Octavia RS?

15. јануари 2020 - 12:02 | М.С.

Чешката компанија минатата година ја претстави четвртата генерација на моделот Octavia, а сега се појави и рендерот кој наговестува како би изгледал овој модел и во RS верзија.

Škoda Octavia RS ќе се појави оваа година, па руското списание Kolesa го објави рендерот за тоа како би можел да изгледа новиот автомобил.

На рендерот е прикажана новата Octavia RS во црна боја со преден браник со ЛЕД светла и решетка за ладилникот во црна боја.

Škoda, традиционалната Octavia ја нуди во повеќе варијанти, така што и со овој модел ќе можете да бирате помеѓу лифтбек и караван, бензин и дизел мотор, мануелен и автоматски менувач, со преден погон и погон на сите четири тркала, а за првпат ќе се појави и со plug-in хибриден погон.

Електричната верзија ќе биде комбинација од 1,4-литарски TSI бензин мотор и електричен мотор со автоматски менувач.

Ова ќе биде најскапата Octavia во историјата.

Оctavia RS се очекува во некој од наредните месеци, најрано во март на Саемот за автомобили во Женева.