Како Apple успеа да ја изнервира конкуренцијата за помалку од една минута?
Со новата реклама објавена минатата недела, американскиот технолошки гигант Apple успеа да допре една од најчувствителните теми кои веќе подолго време се предмет на разговор насекаде низ светот. Индиректно, преку рекламата Apple се пошегува со Facebook и проблемот со приватноста и безбедноста на интернет.
Apple објави реклама во која на најдиректен начин го отвора прашањето за безбедноста на податоците во уредите на компанијата. Сето тоа го направи без да ги спомене Facebook или Google – двете компании кои се соочуваат со сериозни казни поради скандалите со нарушување на приватноста и безбедноста на нивните корисници.