Филм & ТВ

Како актерите во „Game of Thrones“ реагираа на снимањето на последната сезона?

27. мај 2019 - 16:26 | А.С.

Помина точно една недела од финалето на епската ТВ-серија „Game of Thrones“. Некои фанови беа задоволни со крајот, други разочарани.

HBO решија да ги почестат и едните и другите со двочасовен документарец со снимки од „зад сцената“ на снимањето на последната, осма сезона, насловен „Game of Thrones: The Last Watch“.

Фановите имаат можност да ги видат реакциите на актерите на читањата на сцените, да се запознаат со огромната техничка екипа зад нивната омилена серија, без кои светот на GoT немаше да постои.

Документарецот нуди поглед во реакциите на актерите на некои од најголемите изненадувања во серијата.

Документарецот вчера имаше премиера на HBO.